Силвестер Сталоне проговори за смртта на својот син: „Тој беше центарот на нашиот универзум“
Популарниот актер Силвестер Сталоне (77) отворено
проговори за смртта на својот син Сејџ Мунблуд, кој трагично почина во 2012
година од срцев удар.
Двајцата заедно се занимаваа со продукција, а работеа и на снимањето на филмот „Роки 5“. Сејџ цел живот имал здравствени проблеми, а починал на 36 години во својот стан во Лос Анџелес од срцев удар предизвикан од атеросклероза.
Популарниот актер минуваше низ тежок период откако го загуби синот.
„Ниту една болка не е поголема од тоа кога родител ќе изгуби дете. Затоа ве молам, луѓе, покажете ја својата почит во спомен на мојот талентиран син. Оваа болна загуба ќе остане со нас до крајот на нашиот живот. Сејџ беше нашето прво родено дете и центар на нашиот универзум и ве молам не вознемирувајте ја мојата душа и споменот на мојот син“, изјави тогаш Сталоне за странските медиуми.
"Тоа е ужасна ситуација, но тоа е реалниот живот. Времето ви помага да се справите, па се обидувате да го преживеете она што се случи. Многу е важно да најдете сила да станете и да се обидете да живеете. Во спротивно, тоа може да ве вовлече во маѓепсан круг." рече тој еден месец по смртта на неговиот син.
Сталоне потоа се повлече во себе и постојано беше сам. Деновите ги минуваше во тишина и ретко излегуваше надвор. Сепак, тој собра сили и излезе од тешката ситуација. Актерот во првиот брак го доби и синот Серхио (44).
Фото: youtube/screenshot