СКАНДАЛ НА ВЕКОТ: Принц нуди 10 милиони на Канје Вест за ноќ со неговата сопругата Ким Кардашијан

Јавниот приказ за „финансиските тешкотии“ на американскиот рапер Канје Вест му донесе неочекувана понуда од младиот син и наследник на саудискиот крал Салман, принцот Мохамед.

Понудата гласи: 10 милиони долари за можноста да помине една ноќ со неговата сопруга, ријалити sвездата Ким Кардашијан.

Канје Вест уште во февруари  создаде метеж низ целиот свет, срамно објавувајќи на Твитер дека има 53 милиони американски долари личен долг.

Самопрогласениот „најголем уметник на сите времиња“ побарал помош од Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук кому му побарал милијарда долари за да ја продолжи својата уметност. Тој исто така рече дека ќе биде подготвен да прифати пари од Лери Пејџ од Гугл или кој било друг богат добродетел.

Ниту еден милијардер не одговорил на неговото барање, но полицијата во Филаделфија не чекала туку понудила подадена рака и му понудила работа како полицаец. Доколку ја прифати оваа понуда, ќе ги отплати долговите во 3122 година, бидејќи не е многу висока платата на органите за спроведување на законот.

Саудискиот министер за одбрана принцот Мохамад бин Салман даде контроверзна понуда за време на прес-конференција што може да ги реши финансиските проблеми на Канје Вест.

Моќниот принц, кој има проценето богатство од повеќе од милијарда долари, подготвен е да му плати на раперот 10 милиони долари за една ноќ со неговата сопруга.

„Воопшто не ми е гајле за неговата музика или неговата облека“, изјави принцот Мохамад пред новинарите, „но неговата сопруга е богатство од непроценлива вредност. Со задоволство би платил 10 милиони долари или повеќе да поминам една ноќ со неа “, рече принцот и го шокираше светот.

Ниту Канје Вест, ниту Ким Кардашијан се уште не реагирале на понудата, што веќе предизвика бурни реакции од различни феминистички организации.

Во интервју за Си-Би-Ес, портпаролот на мрежата на жени, Џејн Остин, ја нарече оваа понуда „навреда за жените ширум светот“, велејќи дека тоа покажува како жените сè уште се третираат како предмети во одредени делови на светот.

Националната организација на жените дури повика на протест, што ќе се одржи пред саудиската амбасада во Вашингтон, во сабота.

На принцот му помага и можниот развод на Ким Кардашијан и Вест

Според некои информации добиени од новинарите на страницата „Page Six“, Ким Кардашијан и Вест се разведуваат по седум години брак. Се тврди дека „разводот е неизбежен“ за славната двојка, со тоа што Ким веќе ангажирала адвокат.

„Ким вели дека Канје ќе оди горе (во Вајоминг) за да можат да живеат одделно и да ги решаваат работите околу разводот во мир“, изјави извор за „Пејџ Сикс“.

Во меѓувреме, друг извор, близок до Канје Вест, нагласува дека музичарот се преморил со целото семејство (Кардашијан). Тој не сака да има ништо со нив “.

Фото. Јутуб- принтскрин

Извор: Објектив