Славниот актер се ожени со девојка која има тежок деформитет: Им предвидуваа развод, а нивната љубов урива предрасуди

Љубовната приказна на холивудскиот актер Руперт Френд и Ејми Малинс е доказ дека љубовта не познава граници. На прв поглед, секој би рекол дека е лесно да се заљуби во убава русокоса, но нејзиниот недостаток е она што ја прави посебна, Руперт уште еднаш потсети дека заљубеното срце воопшто не го гледа она што многумина веднаш го доживуваат како тежок недостаток.

Имено, сопругата на славниот актер, Ејми Малинс, е родена без тибијална коска на потколеницата, поради што и биле ампутирани двете нозе само една година по раѓањето. Докторот потоа им кажал на нејзините родители дека нивната ќерка никогаш нема да оди или да живее самостојно.

View this post on Instagram

A post shared by Aimee Mullins (@aimeemullins)

Сепак, тој не бил во право, бидејќи не само што проодела, туку стана и успешна спортистка. „Поради тебе изгледам како лажго“, на шега ѝ рекол истиот доктор кога го запознала пред неколку години.



Ејми во младоста се занимавала со трчање, благодарение на што добила целосна стипендија на Универзитетот „Џорџтаун“, а во 1996 година настапила на Параолимписките игри во Атланта.

Својата професионална спортска кариера ја заврши во 1998 година и започна нова кариера како модел. Нејзината личност и убавина го воодушевија дизајнерот Александар Меквин. Модниот гениј сакаше да испраќа неконвенционални модели на пистата и ја шокираше публиката кога Ејми се појави на неговото шоу за модната куќа Живанши со резбани дрвени протези направени специјално за таа пригода.

На филмскиот свет не му требаше многу време да ја забележи. Таа го сними својот прв филм „Cremaster 3“ во 2002 година и играше шест различни ликови во него. На крајот, нејзината актерска работа ја спои со Рупет. Во мај 2013 година, тие договорија средба поврзана со идниот филмски проект на Руперт и се сретнаа во 18 часот во мало бистро во Њујорк. Толку многу уживале во разговорот што останале до раните утрински часови, а келнерите морале да ги „избркаат“ од локалот поради затворање.



Набрзо сфатија дека се создадени еден за друг, а љубовта ја крунисаа на интимна венчавка на 1 мај 2016 година. Освен младенците, на церемонијата беа присутни само кумовите, а еден од нив беше најдобриот пријател на Руперт. Иако на парот често му се предвидуваше развод, велејќи дека тој може да избира убавици, тие сепак уживаат во љубовта како првиот ден.

View this post on Instagram

A post shared by Aimee Mullins (@aimeemullins)



„Се венчавме на прекрасна фарма. Врнеше. Беше совршена свадба. После тоа отидовме да играме билијард“, изјави истовремено Руперт во едно интервју.


FOTO: Instagram