Српската актерка Нина Сеничар се огласи од Лос Анџелес поради катастрофалните пожари: „Тажна сум и исплашена“ ФОТО/ВИДЕО

Српската актерка Нина Сеничар, која веќе подолго време живее во елитниот дел на Лос Анџелес со сопругот и двете деца, објави видео од огнено невреме кое зафаќа се пред себе.

Актерката Нина Сеничар, која живее со својот сопруг, познатиот американски актер Џеј Елис, и двете деца во историската населба Сполдинг Сквер во Лос Анџелес, позната по своите луксузни куќи, го објави тоа на својот профил на Инстаграм.

Со видеото на кое се гледа како огнената стихија проголта се пред себе, таа им кажа на пријателите и најблиските кои беа загрижени за нивната безбедност дека таа и нејзиното семејство се добро.


„Ова е толку тажно и толку страшно. Ви благодариме за сите пораки, добро сме. Се молиме за нашите пријатели кои ги загубија своите домови“, напиша taa.

Инаку, вилата, која сопругот на Нина ја купи за 4,5 милиони евра во 2023 година, првично била изградена во 1919 година, но, како што пишуваат американските медиуми, е „реновирана и обновена до совршенство на европски хотел со пет ѕвезди“.


Pокрај три спални соби и бањи, распослани на два ката, има и голема дневна, трпезарија, кујна во која доминира мермер.

Тие поседуваат и кино на отворено, а имотот е опкружен со голема зелена ограда.