Српски Јутјубер изел 300 јајца за 10 дена и ги објавил резултатите од комплетната крвна слика: Резултатите неочекувани!
Нутриционистите веруваат дека е сосема во ред, па дури и се препорачува, да јадете по едно цело јајце секој ден, вклучувајќи ја и жолчката, доколку имате здраво ниво на холестерол во крвта и немате кардиоваскуларни болести.
Имено, јајцата се богати со протеини, здрави масти и голем број важни есенцијални витамини и минерали. Калориски се погодни за сите кои се грижат за здрава исхрана, особено додека се трудат да ослабат, а придонесуваат и за раст на мускулите.
Има екстремни примери на луѓе кои јадат десет јајца дневно. Да го земеме на пример Јутјуберот Вил Тенисон, кој изел дури 28 јајца во еден ден. Што може да се случи ако јадеме големи количини јајца, праша фитнес експертот Никола Вејновиќ.
На Јутјуб го следат 154 илјади луѓе, па решил со нив да ги сподели наодите од комплетната крвна слика пред и по предизвикот, при што изел 300 јајца за 10 дена.
„Она што е важно да знаете е дека јас вообичаено јадам пет до осум јајца секој ден“, рече тој, покажувајќи ги резултатите од тестот на крвта што покажа дека неговиот LDL или лошиот холестерол е на долната граница.
Вејновиќ детално објасни како се чувствува од ден на ден, дали конзумирањето на 30 јајца дневно е лошо за неговиот стомак, како ги подготвувал јајцата и како е да се тренира под таков товар. По 10 дена ги повторил анализите на крвта, а резултатите биле изненадувачки.
Неговите леукоцити паднале од 7,1 на 6,1, еритроцитите паднале од 5,56 на 4,46, а хемоглобинот од 165 на 128. Вкупниот холестерол пораснал од 2,91 на 3,44. Нивото на триглицериди се зголемило од 0,85 на 1,01, а ЛДЛ холестеролот од 0,22 на 0,80.