Светот се подели: Едни ја купуваат руската, други се претпатија за британската вакцина

„Виетнамското Министерство за здравство се предрегистрира за руската вакцина против ковид-19. Во меѓувреме, Виетнам ќе продолжи да работи на развивање своја вакцина“, објави државната телевизија во соопштението на министерството.

Министерството не кажува колку дози на вакцината нарачало, ниту кога очекува да биде доставена вакцината. Минатиот месец Министерството објави дека сопствената вакцина ја очекува до крајот на 2021 година.

Од друга страна, Европската комисија соопштила денеска дека постигнала договор со британската компанија „Астразенека“ за купување на најмалку 300 милиони дози од нејзината потенцијална вакцина против Ковид-19.

Извршното тело на ЕУ, кое преговара во име на 27-те членки на блокот соопшти дека договорот ја опфаќа опцијата за купување на додатни 100 милиони дози доколку е потврдено дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Претходно американската компанија „Новавакс“ соопшти дека Велика Британија од нејзе ќе купи 60 милиони дози на потенцијална вакцина против Ковид-19.