СЗО: Вакцина против ковид-19 во декември: Но, која вакцина?
Руската вакцина, американската, британската, кинеската, германската... сите се во игра, но ниту еднаш никој до сега не кажал која ќе биде најделотворна, односно таа која ќе ги помине сите фази. А, никоја до сега ги нема поминато, иако се направени тестови на луѓе.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека вакцините против Ковид-19 најверојатно ќе бидат достапни во декември или почетокот на 2021 година за доставување до регулаторите за одобрување.
„Многу е охрабрувачки да се види напредок во клиничките испитувања што се случуваат низ целиот свет. Како што знаете, имаме околу 40 кандидати за вакцина во одредена фаза на клинички испитувања, а десет од нив се во трета фаза, а тоа се клинички испитувања во доцна фаза, што ќе ни дадат информации за ефикасноста и безбедноста“, изјави Сумја Сваминатан, главен научник на СЗО.
Таа исто така рече дека најраниот датум кога вакцината може да се најде на пазарот е „од почетокот на декември 2020 година, до почетокот на 2021 година“.