Талибанците: Авганистанците повеќе не можат да одат на аеродром- САД ни одзеде „авганистански експерти“, како инженерите

Талибанците изјавија дека не се согласуваат со продолжување на рокот по 31 август, што САД го определија за повлекување од Авганистан и дека сакаат сите заминувања да бидат завршени до тој датум.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид рече дека неговата група нема да прифати „продолжување“ на тој рок.

Муџахид рече дека „не знае“ дека имало средба меѓу Талибанците и шефот на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА), но тој не негираше дека тоа се случило.

Американски официјален претставник ги потврди медиумските извештаи дека директорот на ЦИА во понеделникот се сретнал со главниот политички лидер на Талибанците во Кабул.

Муџахид рекоа дека животот се враќа во нормала во земјата, но дека хаосот на аеродромот во Кабул е проблем.

Тој посочи дека на авганистанските граѓани повеќе не им е дозволено да одат на аеродром со цел да спречат собирање на толпата и да избегнат безбедносни проблеми.

Дописничката на Гласот на Америка, Ајеша Танзим, исто така твитна за одлуката на Талибанците.

Муџахид ги обвини САД дека одзеле „авганистански експерти“, како инженерите.


„Бараме од нив да го прекинат овој процес“, рече Муџахид на прес -конференција во Кабул.

Многу Авганистанци очајно се обидуваат да ја напуштат земјата каде што Талибанците ја презедоа власта.

Муџахид додаде дека Авганистанците кои масовно се собраа на аеродромот во Кабул може да си одат дома.

„Ние ја гарантираме нивната безбедност“, нагласи тој.

Според него, нема список на луѓе за одмазда.

Извор: ВоА