Постојат работи што Англичаните ги прават подобро од другите нации во светот, како што се печениот крцкав бифтек во недела, кралските свадби или книги за тинејџери кои преку чудесни сили го спасуваат светот.
Чувството за англиска елеганција можете да го почувствувате во хотелот Рубенс, кој се наоѓа во близина на Бакингамската палата. Ако одлучите да го посетите, батлерот ќе ја отвори вратата и ќе ве упати директно во фенси чајната соба. Постојат стари удобни фотелји кои обезбедуваат посебно задоволство за пиење чај. Пред да се подготви пијалокот, ќе ви понудат и вкусен сендвич со пилешко, шунка, сирење и зеленчук. Исто така, има и слатки колачиња што се служат со џем и путер.
Атмосферата е резервирана само за попладневни посети, во време кога англичаните традиционално подготвуваат чај. Луксузниот хотел нуди кралски чај. Тоа е „златно искуство“ што содржи вообичаени детали како што е чаша шампањ или чаша златен чај од Шри Ланка. Во хотелот „Рубенс“ тие наплатуваат 500 фунти, или околу 600 евра.
Тоа е чај одгледуван во планинските делови на Шри Ланка. Се бере нежно на зајдисонце, а потоа се остава да се исуши на кадифена крпа. Вкупно 85 луѓе работат на правење една чаша чај од Шри Ланка.
Неверојатната реткост во индустријата за чај ја произведува Силва и Синси. Се пакува во просторија кој е под потоја надзор. Љубителите на чајот што сакаат да го пробаат во Лондон, ја отклучуваат сами кутијата со скапоцени билки.
Пиењето на овој чај не е само истурање на топла вкусна вода, конзумирањето се нплаќа и за проба. Започнува од моментот кога шанкерот со бели ракавици се шета кон вашата маса. Потоа, со слатна вага ја мерат количината што секој гостин ја добива, што е точно три грама. Доволно е за три чаши. Водата потоа се загрева во котел, а лвчињата на златниот чај на Шри Ланка одат во врелата вода. Подготовката трае точно три минути. Токму овој детал донесува вкус кој е единствен за љубителите на чајот.
Пијалокот се сервира во три чаши и вкусот на секоја се разликува од другите две. Првиот е кадифено нежен и потсетува на удобна бања со меурчиња после напорен ден. Во втората откривате овошни мирисни ноти, додека третата освежува.
Сопственикот на компанијата за чак вели дека со овој пијалок не се служи храна. Се советува консументите да земат голтка по голтка и полека да уживаат во тоа.
Колку и да е вкусно, прашање е дали навистина вреди околу 600 евра. Кој може да плати толку многу за чајот? Попладне, може да се одвива во хедонистички амбиент ако порачате јагоди, шампањ, некои добри колачи или торта. Секоја од трите шолји златен чај на Шри Ланка се лади брзо.