Телохранителот на Слободан Милошевиќ откри тајна од Белиот двор: Американски дипломат му се заканувал, тој се налутил и му рекол на Сента

На приватна средба во 90-тите, Ричард Холбрук, специјалниот пратеник за Балканот, му се заканил на Слободан Милошевиќ дека ќе биде уништен доколку не постапи по диктат на САД

Овие шокантни податоци ги откри поранешниот телохранител на поранешниот претседател на Србија, Горан Пајиќ, кој откри повеќе информации од две приватни средби кои Холбрук по негово барање ги имал со Слободан Милошевиќ.

Пајиќ 10 години работел како обезбедување на Милошевиќ. Тој првпат спомна дека пред крајот на 1998 година, три месеци пред состанокот во Рамбује, Холбрук инсистирал на разговор лице в лице.

„Тој сакаше приватна средба со Милошевиќ во Белиот двор. Претседателот го прифати тоа, велејќи дека вратата треба да остане отворена. Генералот Сента, личниот секретар на Слободан, Мира Драгојевиќ и јас, слушнавме за што разговараа. Мира се фати за главата, кога слушна како му се заканува на претседателот“, вели Пајиќ.

Она што го откри Пајиќ е нечуено барање на американски дипломат, кој всушност го искажал официјалниот став на тогашната администрација на Вашингтон.

„Холбрук во еден момент рече: „Господине Милошевиќ, мора да ни го предадете суверенитетот на вашата земја на нас Американците, да ни дозволите да отвориме бази на НАТО каде што сакаме и да ги продадеме сите ваши успешни компании по цена со која се согласуваме, а ти за возврат може да владееш колку сакаш, ние ќе ти помогнеме во тоа“.

Милошевиќ тогаш се разбесни и му ја повтори својата позиција за независност на Холбрук. „Ти го знаеш мојот став“, му рече: „Јас сум за автономија и независност и додека сум претседател на Србија, нема да дозволам мојата земја да биде колонија. Ако тоа веќе се случи, ќе распишам референдум и Граѓаните јавно ќе го кажат своето мислење за тоа“, раскажа Пајиќ делови од оваа средба.

Според него, кога Холбрук видел дека неговата уцена не поминува, скокнал од столот и му се заканил на Милошевиќ.

„Ако не направиш како што бараме, ќе те уништиме“, му рекол тој. Во автомобилот Милошевиќ му рекол на Сента: „Не можам да верувам дека дојде во мојата земја да ми се заканува“, рече Пајиќ.


Извор: pravda.rs
Фото: Youtube-screenshoot-AP Archive