Тестовите за возачка дозвола ги полагаше 156 пати, а еве како сето тоа заврши

Анонимен човек од Велика Британија успеа да го положи теоретскиот дел од возачкиот тест од 157. пат.

Неименуван иден возач. успеа да одговори точно на доволен број прашања, „само“ по 156 неуспешни тестови во автошкола.

Овој рекорд го објави Агенцијата за управување со возила на Обединетото Кралство, која направи список според бројот на обиди за полагање на тестовите, пред практичниот тест за возење.

Жител на Велика Британија, чие име не беше споменато поради лична заштита, успеа да го положи теоретскиот дел од испитот откако потроши 3.000 фунти на полагање на испити.

- Вистината е она што тие го велат: „Ако не успееш на почетокот, обиди се повторно и повторно“. Полагањето на возачки тест може да биде еден од најтешките предизвици во животот и на некои од нас им треба многу повеќе напор од другите. Без оглед на тоа дали еднаш ќе паднете на тестовите или 157 пати, повелете и обидете се повторно - изјави за „Ledbible“ Марк Тону, директор на компанијата „Select Car Leasing“.

Заедно со споменатиот анонимен маж, кој е на прво место со најнеуспешни обиди за полагање на тестовите, на списокот е и второпласираната жена која полагала теоретски дел од испит 117 пати и допрва треба да ги положи.

(Глас на јавноста)