Тренира како „луд“- но ова е тајната: Единствена диета од која Риналдо не отстапува ниту за роденден

Тој е успешен, богат, но не и семоќен, па тајната на неговиот изглед лежи во уникатната диета што ја следи со години.

Кристијано Роналдо е вистинско спортско чудо. Иако ја ситни четириесетката, Португалецот има тело на 20-годишник.
Иако просекот на другите фудбалери е 10 проценти масти во целото тело, Роналдо има 7. За да бидат работите уште подобри, половина од тежината на Роналдо е од мускули, додека просекот кај другите негови колеги е 46 процени од тежината.

Еве како:

За почеток, неговата диета е сведена на најквалитетна и внимателно избрана храна.

Со години го следи истото мени за храна. Тој има шест оброци, од кои дури руча и вечера двапати, еднаш појадува и има една закуска. За појадок, тој претпочита шунка и посно сирење, а за закуски сака да јаде тост од авокадо или овошје. Неколку часа подоцна, време е за првиот ручек, и тој се состои од пилешко и салата, додека за време на вториот ручек, тој претежно јаде риба, туна или јајца, салата и маслинки.

Секако, Роналдо не се прејадува во ниту еден оброк. Ова се помали порции.

За првата вечера јаде месо со зеленчук, а за втората риба со салата.

Неговата листа НЕ вклучува газирани пијалоци, замрзната храна, како и алкохол. Тој пие само вода.


извор:informer.rs