Условите за работа во Европа: Помалку прекувремена работа, но жените сè уште се во неповолна положба

Резултатите од водечката
паневропска анкета од организацијата Eurofound покажуваат значителни
подобрувања во квалитетот на работата во последната деценија, но во исто време
ги нагласуваат големите разлики меѓу жените и мажите, како и драстично
различните услови за работниците во одредени делови од Европа.
Уникатното Истражување за условите за работа во Европа 2024 се базира на интервјуа со повеќе од 36.000 работници во 35 земји, а собраните податоци се мерени преку седум индикатори за квалитет на работата. Токму објавените првични наоди истакнуваат неколку клучни прашања:
Прекувремената работа станува сè поретка
Уделот на работници кои работат повеќе од 48 часа неделно се намали од 19% на 11% од 2005 година. Овој тренд придонесе за намалување на родовиот јаз во квалитетот на работното време, така што во 2024 година Индексот за квалитет на работното време (композитен индикатор на Eurofound кој го мери влијанието на работното време врз благосостојбата на вработениот и рамнотежата помеѓу работата и животот) конечно го достигна нивото на жените во 2024 година.
Физичката работна средина се подобри од 2010 година
Мажите имаат поголема корист од тоа. Работниците, исто така, пријавуваат поголеми можности за развој и примена на вештини, при што Индексот за вештини и дискреција бележи најголемо подобрување меѓу сите нефинансиски домени. Сепак, под овие позитивни промени постојат длабоки разлики. Додека работната средина на мажите се подобрува, жените се соочуваат со поинаква реалност.
Индекс на социјална средина
Тоа е индикатор што го мери квалитетот на социјалните односи на работното место - тој се влоши кај жените од 2010 година, додека се подобри кај мажите, главно поради поголемата изложеност на жените на вербална злоупотреба и други негативни социјални однесувања.
Индекс на интензитет на работа
Овој индекс покажува подобрување кај мажите, но влошување кај жените, кои се повеќе застапени во сектори како што се здравството и образованието, обележани со чести прекини и високи емоционални барања.
Работата во Европа станува седечка
Проблем поврзан со различни здравствени состојби, вклучувајќи дебелина, висок крвен притисок и нездрави нивоа на холестерол. Дури 40% од работниците во Европа седат поголемиот дел од своето работно време, при што жените се повеќе погодени (42%) од мажите (39%).
Истражувањето, исто така, укажува на широко распространети нееднаквости во безбедноста на работното место и предвидливоста на заработката. И покрај општото намалување на стравот од губење на работното место, родовиот јаз во кариерните перспективи останува шест процентни поени во корист на мажите. Покрај тоа, 15% од работниците не можат да предвидат колку ќе заработат во следните три месеци. Оваа неизвесност особено силно ги погодува одредени земји - повеќе од една четвртина од работниците во Романија и Грција не знаат колку ќе заработат во следните три месеци, што е во остра спротивност со релативната сигурност во земји како Австрија и Германија.
Првите наоди од Анкетата за работните услови во Европа 2024 потврдуваат дека квалитетот на работата во Европа генерално се подобрува, но дека придобивките не се подеднакво распределени. Анализата сугерира дека носителите на одлуки треба да гледаат подалеку од општите трендови и да се справат со специфичните ранливости и нееднаквости што продолжуваат да го обликуваат работниот живот на многу луѓе.
Извор: BIZLife
Фото: Freepik.com