Ваква личност е вистинска реткост: Блогерка откри каков е Здравко Чолиќ кога ќе се „исклучат“ камерите
Омилените јадења на Здравко Чолиќ и неговиот однос со вработените во ресторан ги откри блогерка
Здравко Чолиќ често посетувал познат белградски ресторан. Додека работела во тој ресторан, готвачката и блогерка Сандра речиси секој ден подготвувала храна за пејачот. Сега се сети на тоа време и откри кои му биле омилените јадења на Здравко Чолиќ додека работела …
На Здравко Чолиќ му се готвеа главни јадења
— Беше наш редовен гостин и пред сè народен човек, со светол и ведар дух, секогаш добредојден и насмеан. Секогаш кога доаѓаше во ресторанот, прво одеше во кујната да не почести нас кои работиме таму.
- Никој од познатите не го направил тоа – вели Сандра и открива што најмногу сака да јаде Чола.
— Секогаш нарачуваше домашно зготвени јадења кои беа на менито на ресторанот тој ден. Сакаше домашни лепчиња и лебови што ги месев. Често доаѓаше со семејството, па дури и телефонски нарачуваше храна и доаѓаше само да ја земе.
- Бидејќи беше ресторан за национална кујна, немаше модерни колачи, но правевме вистинска мрзлива пита, кремпити што ги правеа нашите баби, како и пити со ореви. Сето тоа многу го сакаше, истакнува Сандра за медиумите.
Фото:Инстаграм