Веб-страница што брои колку тоалетна хартија навистина ви е потребна: Производ на шега од глобални размери
Еден од првите глобални ефекти на пандемијата „Ковид-19“ беше трчање по тоалетна хартија. Сите гарантираа дека нема да исчезне, но се чини дека таа порака не стигнува до потрошувачите.
Во време кога скоро целиот свет прогласи вонредна состојба,намирниците како и тоалетна хартија се купуваат многу често во количини диктирани од паника - тоа се одрази и на веб-страницата - howmuchtoiletpaper.com – која ви овозможува точно да знаете колку тоалетна хартија ви е потребно, т.е. колку ја трошите и на основа на тоа да можете да го планирате купувањето. Иако е на англиски јазик, страницата е многу интуитивна. Ќе се уверите дека нема да останете без тоалетна хартија.
Сè што треба да направите е да го наведете бројот на ролни што ги имате дома и колку пати на ден, во просек, секој човек од куќата оди во тоалет. Исто така, можете да го внесете точниот број на листови што ги користите одеднаш, без разлика дали хартијата што ја користите е двослојна или не, меѓу другите карактеристики.
Шега што стана корисна
Веб-страницата е креирана од Бен Сесон и Сем Харис. Двајца студенти од Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија. Се’ започна со шега, но наскоро сфатија дека ова навистина ќе биде корисна алатка за многумина. Тие се надеваат дека ова ќе ја олесни паниката на оние кои се склони да купуваат многу повеќе од она што им е потребно навистина.