Венко Филипче: До крајот на годината отвораме банка за ткива и коска
Министерот Венко Филипче по сите апели за заштита од корона вирусот и мерките кои треба да се донесат етапно, објави една убава информација на својот Фб профил:
Еве што напиша:
„Во услови со пандемија од ковид-19, во месец мај за првпат изведовме трансплантација на срце, а потоа и две трансплантации на бубрези.
На Европскиот ден на органодарителството, заедно со Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска оддадовме најголема почит и благодарници на семејствата Диневи и Пиневи кои донираа органи од свој близок за го продолжат животот на друг. Тоа е највисокиот чин на хуманост! Ова е голем успех за јавното здравство. Признанија доделивме и на Медицинскиот факултет и здравствените установи. Имаме вредни здравствени работници кои прават сѐ да го подобрат животот на секој пациент. Да бидеме горди на нив! До крајот на годината отвораме банка за ткива и коска„