Влегол во црквата и го нашол свештеникот како има секс со две жени на олтарот

Свештеник од Луизијана, САД е уапсен бидејќи снимал додека имал секс на олтарот на неговата црква со две жени.

Според „Њујорк пост“, свештеникот Тревис Кларк бил фатен на дело од случаен минувач кој ги забележал светлата во црквата доцна во ноќта и решил да влезе внатре за да види за што станува збор.


Сведокот тврди дека видел полугол свештеник како има секс со две жени кои носеле корсети и чизми со високи потпетици. Олтарот, тврди тој, бил добро осветлен, околу нив имало неколку сексуални играчки, а мобилниот телефон монтиран на статив снимал сè.

Случаен минувач кој бил сведок на оваа сцена, исто така, снимил што се случува и ги доставил снимките до полицијата, која ги уапсила Кларк и неговите придружнички, 41-годишната Минди Диксон и 23-годишната Мелиса Ченг, под обвинение за блуд со оглед на тоа што се случило на јавно место.

По апсењето, свештеникот бил суспендиран од својата должност.