Внимавајте: Таа е најопасната пејачка на светот- буквално може да ве хакира
Многу линкови кои се поврзани со неа се полни со вируси и другите интернет опасности. На мобилен, лаптоп или бил кој друг уред и да го користиш за пребарување на Интернет, најдобро е да го избегнуваш името на една пејачка.
Секоја година се објавува листа на поими кое е најдобро да не се гуглаат, бидејќи се опасни во смисла дека може да ти направат проблеми на уредот кој го користиш. Голем број на линкови кои се појавуваат, а кои се поврзани со тој поин содржат вируси и други опасности. Оваа година, 2020, се покажа дека е најопасно да се гугла пејачката Адел.
Адел оваа година особено е во фокусот на јавноста, но не се пеење, туку со изгледот. Кога објави фотографија од својот нов изглед, кога во краток временски период изгуби повеќе од 20 килограми, стана едно од имињата кои сите ги гуглаат. Сите ги интересираше како изгледа сега, на која диета била и како и успеало толку да ослабне.
Освен на обожавателите, Адел го привлече вниманието и на хакерите. Тие ја искористија нејзината огромна популарност и тренд. Па така многу линкови кои се поврзани со неа имаат скриени вируси и Адел сега и официјално е прогласена за најопасна личност на Интернет за оваа година. Пребарувањето за Адел може корисниците да ги однесе на многу лажни страници со содржини кои ги повикува да кликаат, но наместо интересни содржини, само поради еден клик хакерите може да ја преземат контролата над нивните уреди, да им ги украдат податоците, да им го заклучат компјутерот итн. Затоа денес е многу важно корисниците да размислат пред да кликнат на некоја содржина на Интернет со цел да ги заштитат дигиталните животи, нагласуваат од компаниите за безбедност.
Покрај Адел, исто така опасни за гуглање и Ана Кендрик, Дрејк, Кара Делевињ, Чарли Ди Амелио, Алиша Кис, Аврил Лавињ, Бени, Камила Кабелјо и Бијонсе.