Во Израел: Пронајде меч во морето стар 900 години

Се смета дека мечот излегол на површината поради движењето на песокот. Израелската управа за антиквитети го проучува местото од јуни, но, како што велат, артефактите се непостојани бидејќи се појавуваат и исчезнуваат со движењето на песокот “.

Мечот долг 1 метар го пронашол Шломи Кацин и е предаден на властите.

Израелската управа за антиквитети вели дека мечот ќе биде јавно прикажан по чистењето и анализата.

Властите велат дека мечот е во совршена состојба и е прекрасно и ретко откритие што очигледно му припаѓало на крстоносен војник.

„Возбудливо е да се сретнете со таков личен предмет, да ве вратат 900 години наназад, во сосема друго време, време на витези, оклопи и мечеви“, рече Нир Дистелфелд од Израелската управа за антиквитети.

Коби Шарвит, кој раководи со поморската археолошка единица на споменатата администрација, вели дека брегот Кармел, каде што е пронајдено сечилото, обезбедувал засолниште за бродовите за време на бури во текот на вековните поморски активности долж брегот.

„Овие услови привлекуваа трговски бродови со векови, оставајќи зад себе богати археолошки наоди“, вели тој.