Во Неговите прегратки ги испраќаме сите пострадани и на На Него Милосрдниот Му се молиме: Епископ Стобиски г. Јаков
-"За нас гробот не е крај, смртта го нема последниот збор, последниот збор го има Животот, изворот на Животот, Богочовекот Христос, кој што прв слезе во гробот и како првенец воскресна и направи пат на секоја душа, на слобода и на излез од смртта.
На Него се надеваме и во Неговите раце, во Неговите прегратки ги испраќаме сите пострадани и на На Него Милосрдниот Му се молиме…
Му се молиме да ги укрепи и да ги исцели оние кои што пострадале и оние кои што страдаат на било каков начин. Бог да им даде Царство Небесно, да им даде утеха и исцеление на повредените, на ожалостените, а недостатокот и отсуството нивно, Бог да го пополни со Својата љубов и со Својата благодат. Жив е нашиот Бог и ние живи ќе бидеме!"
Утешителна беседа на викарниот Епископ Стобиски г. Јаков