Во Швајцарија паѓаше чоколаден снег!
Жителите на овој град имаа што да видат кога излегоа на улиците наутро. Малите снегулки чоколадо паѓаа како снег и покриваа делови од улиците и автомобилите. Додека многумина од нас ќе бидат шокирани и можеби дури и запрепастени, жителите на Олтен знаеја за што станува збор.
Во овој град има фабрика за чоколади, која исто така произведува какао во прав. На тој ден, вентилацијата во фабриката не работела како што треба, па голема количина прашина беше фрлена во воздухот. Подоцна, само ветрот си ја направил своја работа и го подигнал какаото до висина, по што паднал чоколаден снег.
Фабриката за чоколади веднаш се извини за овој настан и им порача на граѓаните дека какаото во прав што летало во воздухот не е отровно. Жителите, се разбира, не беа лути и ѝ рекоа на фабриката почесто да подготвува вакви слатки изненадувања.