Војвотката од Корнвол, Камила, доби нова улога со посебна церемонија во својот дом во Глочестер.
Имено, сопругот на кралица Елизабета Втора, принцот Филип на Камила ѝ го предаде покровителството над пешадискиот полк „Пушки“.
Сопругата на принцот Чарлс е почестена со ваквата титула.
Инаку, принцот Филип беше командант-полковник на „Пушки“ од формирањето во 2007 година, но неговата поврзаност со полкот потекнува од 1953 година кога командуваше со формациите од кои е составен тој полк.