Возел „грдосија“ низ улиците на Букурешт: Романец купил авион за 36.000 евра, а еве што ќе направи со него (ВИДЕО)
„Грдосијата“ ќе биде претворена во дом на новиот сопственик Костин Гаврилеску
За време на викендот жителите на Букурешт биле сведоци на необична глетка, а многумина веројатно мислеле дека сонуваат.
Имено, 45-метарски авион Мекдонел Даглас „возеше“ низ улиците на романската престолнина, а последна станица му беше општината Клинчени.
<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fcostin.gavrilescu%2Fposts%2Fpfbid0c9pfxTFeKyAsrXJaUCrCwrFVp94ivn6YLkWccBhCec3YS1fKLsLRQiZWuQXciJBml&show_text=false&width=500" width="500" height="332" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>
На споменатата локација „грдосијата“ ќе биде претворена во дом на новиот сопственик Костин Гаврилеску, пренесува Гандул.
Превозот на патничкиот авион беше доста голем потфат, а покрај тоа што Гаврилеску мораше да ги одвои крилата од трупот, властите го запреа сообраќајот и привремено отстранија неколку електрични столбови и семафори.
<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fcostin.gavrilescu%2Fvideos%2F735172475256434%2F&show_text=false&width=560&t=0" width="560" height="314" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share" allowFullScreen="true"></iframe>
Како што е откриено, авионот бил купен на аукција за 36.000 евра.
Новиот сопственик откри што планира да прави со огромниот авион со вкупна површина од 112 метри квадратни.
„Кабината ќе остане како што е, но јас ќе ја претворам во симулатор за летање. Ќе направам дневна соба, место за состаноци, излез на тераса“, рече тој.
Фото:screesnot