„Враќање од мртвите“ целосно го промени животот на еден почитуван неврохирург

Еден неврохирург од Вирџинија бил доста скептик и не верувал во живот после смртта, ама додека бил во кома му се променил животот засекогаш.
Никој не може да биде целосно сигурен што ни се случува откако ќе починеме; некои мислат дека се враќаме во друга форма на живот и кружиме во енергетското поле, други мислат дека одиме на некое поубаво место што го нарекуваме рај или паѓаме во јамата на пеколот.
Сите веруваат во нешто, но бројот на оние кои тврдат дека се вратиле од задгробниот живот е далеку помал. Д-р Ибн Александар, академски неврохирург, верува дека од прва рака доживеал сè што не чека зад себе за време на неговиот престој во кома.
„Во суштина, имав многу конвенционален, научен и редуктивен материјалистички поглед и верував дека свеста е создадена од мозокот, во само еден физички свет“, изјави докторот за Sun.
„Она што ми го објасни моето патување во кома е дека свеста е нешто што е клучна ставка во универзумот и дека нејзиниот корен не е во мозокот. Она што го доживеав е целосно неверојатно, незаборавно и детално ултрареално искуство од целиот мој живот. Всушност, светот во кој живееме, овој материјален свет, е многу поматен, пооблачен и налик на соништа од она што го видов од другата страна. Овој свет е остар, јасен и, пред сè, многу реален“.
Се започна во 2008 година, кога Александар се разбудил со најтешката главоболка во животот, проследена со болки во грбот. Тој се обидел да ја преспие оваа агонија, но се се променило кога сопругата го нашла во кревет, кога се грчел во нападите. Докторот бил префрлен во болница каде работел како неврохирург и каде му бил дијагностициран менингоенцефалитис, вид на редок и агресивен менингитис. Набргу потоа паднал во кома со десет проценти шанси за преживување.
За тоа време Александар изјавува дека доживеал повторно раѓање во друг свет, опкружен со црни корени внатре, заматена желатинозна маса. Докторот не можеше да зборува, ниту пак имаше сеќавање или чувство за тоа што е.
„Луѓето мислат дека поминувањето низ ова искуство, во оваа состојба која се граничи со амнезија, едноставно мора да биде страшно, но сепак, јас не знаев ништо друго, па сè ми изгледаше сосема природно. Ова беше постоење.Потоа, ја поминав портата и се упатив кон големата светла сфера“.
Оваа сфера, наречена Ротирачка мелодија, го пренесла во земја каде што водопадите се влеваат во кристални базени, каде што небото се состои од розови и бели облаци, со масивни дрвја и луѓе кои пеат и танцуваат, кои тој ги гледал на крилјата на пеперутките. Докторот тогаш запознал жена која телепатски му објаснила: „Ти си сакан. Ти си ценет. Нема ништо што можеш да направиш погрешно“.
Меѓутоа, во истите секунди, ова небесно место би паднало во бескрајна темнина, со силна светлина во центарот, која Александар ја смета за творец на сè. На крајот се разбудил, борејќи се со кошмари и халуцинации.
„Повеќе од половина од луѓето кои имале такви искуства ќе ви кажат дека тоа било многу пореално од неговото постоење во нашиот материјален свет“, рече докторот. „Првите денови и недели или две беа крајно застрашувачки бидејќи мојот мозок сè уште беше погоден од оваа болест, што го прави моето целосно закрепнување уште поневеројатно. Сепак, морам да бидам искрен и да кажам дека целото ова искуство беше најголемиот благослов во мојот живот досега“.