Заборавете на патлиџан туризам, имаме победник на векот: Тинејџери од Србија покажаа на што лежат и уживаат на грчка плажа (ВИДЕО)

Двајца млади момчиња од Србија кои летуваат на една од омилените дестинации во Грција, Закинтос, станаа вирални на социјалните мрежи поради „лежалката“ која ја однесоа на плажа.

Кревет веднаш до плажа - да, ако ги прашате младите од Србија. Како што може да се види на виралното видео на Тикток насловено „Лежалките се прескапи, па ќе си однесеш кревет“, дуото од Србија реши да заштеди на лежалките на Закинтос, па удобно си го извадиле креветот од станот и го однеле на плажа.

Во таа прилика не заборавија ниту чаршаф, ниту перница, па уживањето покрај морскиот брег беше целосно. Но, тие донесоа и крпи за секој случај.

@kaplarevic_m #zakynthos #greece #viral #trend #foryou #foryoupage #fyp Zakintos - Djomla KS


Тие го поставија креветот на брегот на морето

Откако беше запазена сета потребна опрема за уживање на плажа, двајцата и уште еден млад човек удобно се сместија покрај морскиот брег.

Она што на сите ни останува непознато, освен на актерите, е како и на кој начин успеале да го извадат креветот од станот, а потоа и откако биле на море да го вратат, бидејќи се знае дека Грците не гледаат љубезно на вакви туристички изложби.

Но, од друга страна, судејќи по коментарите под објавата, Србите биле воодушевени од ваквиот чин на еден млад човек од Србија. Меѓу многуте коментари се издвои еден.

„Ова е, бре луксузна лежалка, фали само ракија, сирење и домати“ - гласи коментарот со најмногу лајкови.


ФОТО: Принтскрин