Заостанати? Еве кога Скопје го имал првиот аеродром - Монументален објект

Дали знаевте?

Скопскиот аеродром официјално бил отворен во далечната 1928 година со првиот експериментален лет, кој го организирал тогашниот национален превозник на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците - „АЕРОПУТ“. Подоцна, била воведена и редовна авио линија која сообраќала на релација Белград - Скопје - Сараево - Белград. Освен оваа редовна „домашна“ линија, првиот меѓународен лет кон скопскиот аеродром бил реализиран во 1930 година и тоа на релација Виена - Скопје.