Запознајте го народот кој преживеал таму каде што НИКОЈ не успеал (ФОТО)

фото:PROFIMEDIA

Народот Бербери се вистински шампиони на опстанокот.
Живеат во Сахара, место каде владее суровата клима, со векови биле мета на бројни освојувачи, нивните култури и религии, но и покрај сето тоа, тие не исчезнале.

Берберите се домородно население на Северна Африка. Името под кое се познати во светот им го дале други и тие самите не го користат. Тие се нарекуваат себеси Имазигени или Амазир („слободен човек“), а своите територии ги нарекуваат „Тамазга“. Јазикот на кој зборуваат се вика берберски.

Нивната територија се протега од Египет до Мавританија и од Медитеранот до периферијата на историската субсахарска Африка.

Најпознатото племе на Берберците е разнобојното номадско племе Туарег, чии воини носат сина облека и сè уште шетаат низ пустината Сахара.

Низ историјата, тие честопати биле покорувани. Многу империи и народи ги освоиле историските делови на берберските земји, почнувајќи од Феникијците и Грците, потоа од Римјаните, Вандалите, Византијците, Арапите, Турците, Французите, Британците, Шпанците и Италијанците.

Од 13 век, повеќето Амазири практикуваат ислам.

Оние кои живеат во северен Магреб (западен дел на Северна Африка) и повеќето од оние кои живеат на планините Атлас, обично се светло-кафеави или посветли по изглед, со честа појава на светло-црвена коса и зелени и сини очи, што е вообичаено низ регионот. Оние кои живеат на или во близина на Сахара се кафеави или имаат многу темна кожа.

Спротивно на популарното верување, кое го опишува Амазир како номадски народи што ја преминуваат пустината на грб на камили, повеќето всушност се занимаваат со земјоделство во планините и долините низ Северна Африка. Некои од нив се занимаваат и со трговија.

извор:blic.rs
фотографии: PROFIMEDIA