Заразата со коронавирусот е по веројатна во сопствениот дом отколку надвор

Луѓето се со поголема веројатност да бидат заразени со коронавирусот во нивниот дом отколку во контакт со луѓе надвор од дома, утврдиле јужнокорејските епидемиолози.

Студијата, чии резултати беа објавени од страна на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, ги проучувала првозаразените пациенти , 5706 од нив и нивните повеќе од 59,000 контакти.

Истражувањето покажа дека само две од сто заразени лица го добиле вирусот од контакти кои не се поврзани со нивното домаќинство. Една од десетмина ја добила болеста од член на сопственото семејство.

Кога првиот заразен член на домаќинството бил тинејџер или личност во нивните 60-ти и 70-ти, стапката на ширење на инфекцијата била поголема, откриле истражувачите.

„Ова е веројатно затоа што овие возрасни групи имаат поголема веројатност да бидат во поблизок контакт со членовите на семејството затоа што тие се луѓе на кои им е потребна поголема заштита или поддршка“, рече Џеонг Ун-Кјонг, директор на корејските центри за контрола и спречување на болести и еден од авторите на студијата.

Децата имаат поголема веројатност да бидат асимптоматски


Најмалку веројатно дека некој бил заразен е дете под девет години, вели д-р Чо Јанг-јуни, професор на Факултетот за медицина на универзитетот Халим, иако забележа дека во таа возрасна група примерокот бил најмал - само 29 испитаници, додека во во возрасната група од 20 до 29 години имало 1695 испитаници.

Децата со Covid-19, исто така, биле со поголема веројатност да бидат асимптоматски отколку што возрасните би биле асимптоматски, со што е уште потешко да се открие прво заразено лице ако е дете.

Податоците за студијата се собрани од 20 јануари до 27 март кога ширењето на епидемијата на коронавирус во Јужна Кореја беше на својот врв.