Зеленски: Нека неговиот живот го инспирира светот да застане во борба за силите на светлината против силите на темнината

Американскиот новинар Брент Рено беше убиен од руски војници. Ова го соопшти началникот на киевската полиција Андреј Небитов. Слики од документите на репортерот и слика од трупот се проширија на социјалните мрежи. Рено, според веста објавена од Нептов, е убиен во Ирбин, во внатрешноста на Киев.

По тој повод, Украинскиот претседател Зеленски упати емотивна порака:

„Упатувам најдлабоко сочувство до семејството на Брент Рено кој го загуби животот додека ја документираше немилосрдноста и злото нанесено врз луѓето на Украина од стана на Русија. Нека животот и жртвата на Брент го инспирираат светот да застане во борба за силите на светлината против силите на темнината.“