Жената ќе трпи понижување, но кога еднаш ќе си замине, знајте дека е крај: Главни причини за развод по мислење на психолозите

Сопружниците треба да се грижат како се однесуваат еден со друг, за утре да не се каат за некои работи за кои не ни знаат зошто ги направиле. Денес ќе наведеме неколку главни причини за развод.

- Жената никогаш не треба да се понижува. Жената ќе претрпи понижување, но штом ќе замине, знајте дека е готово. Секогаш мора да бидете свесни за тоа. Ставете се во позиција како би ви било, ако некој ве понижи и омаловажи. Запрашајте се, дали би го трпеле?

- Жените треба да ги ценат добрите мажи. Дојде време кога добриот човек повеќе нема никаква вредност. Денешните жени наместо да го ценат и почитуваат мажот ако е добар со нив, не! Сакаат мажиште покрај себе, па подоцна ѓаволот им е крив кога ќе видат дека не можат да се носат со нив.

Затоа, драги наши дами, добро запомнете го овој совет и знајте едно. Добриот маж е најголемото богатство што една жена може да го добие од животот!

- Манипулацијата со децата е строго забранета. Има сопружници кои меѓусебно се уценуваат со деца, и жени и мажи, овој совет е обостран и за двата пола. Ќе ви дадеме примери, има мажи кои кога имаат деца во глава заклучуваат дека можат да прават што сакаат, затоа што жената не е способна сама да го чува детето, а тоа го користат на сите можни начин.

Додека пак имате и жени кои ги уценуваат своите сопрузи со помош на детето. Ако нешто не ѝ е по волја, таа е подготвена да го земе детето и да си замине, бидејќи е свесна дека на тој начин може да има целосна контрола над својот сопруг.

За жал, драги мои, ниту еден од овие два примери не ви оди во прилог. Кога уценувачот ќе се засити од тебе и твојата грубост, ќе си ги собере работите и ќе те остави. Дури тогаш ќе сфатиш дека тоа не ти било потребно во животот, но тогаш ќе биде доцна за сите.

- Научете да преземате одговорност кога сте виновни. Голема грешка на многу сопружници е што никогаш нема да си признаат еден на друг кога се виновни за нешто. Уште повеќе, во повеќето случаи тие го обвинуваат другиот сопружник за вината, за да се извлечат од проблемот.

За жал, ваквите работи кои ви ги набројавме не можат да траат цел живот. Тогаш се распаѓаат таквите бракови, и секој оди на своја страна. Единствено што би можел да ве советувам е: „Бидете нормални и не брзајте, пред да стапите во брак прашајте се со каква личност треба да го поминете животот и дури потоа одлучете“.

Извор: fazon.info