Живее во куќа од кал, пие вода од потокот, друштво му се дивите животни: Тоа што го направи за родителите, никој не би го направил
Миленко Виќентиќ го избрал планинскиот живот во тешки услови, бидејќи не можел да ги остави родителите
Фото: Ptrintscreen Youtube / Радио телевизија на Србија
Миленко Виќановиќ има сосема поинаков поглед на животот. Деновите ги поминува во домот на неговиот прадедо, работејќи многу напорна работа на падините на планината. И покрај тоа што сите соседи од околината отишле во градовите, нему не му паѓа на памет. Тој ја избрал судбината на планинар, најмногу поради љубовта кон родителите кои не може да ги остави сами.
Имено, длабоко во шумата, на ридот Чавчиќ над Мали Зворник, километри оддалечен од цивилизацијата, за тричленото семејство Виќановиќ времето како да застанало во минатиот век.
Прадедовците на Миленко ја изградиле куќата на Виќановиќ од трска, кал и камен. Има 36 години и цел живот го поминал на планина, со животни. Во куќата има струја, а освен чиста вода од потокот, плодни ниви и здрава стока, вели, веќе ништо не му треба.
Како изгледа? „Живот ко ѓивот, тоа е, само немаме пат ни превоз до куќа“, вели Миленко Виќентиќ, пренесува РТС.
Животот на планинар е избор на Миленко. Не можел да ги остави родителите. Здравјето на татко му е добро и сè уште ја вршат целата напорна работа заедно.
„Животот е тежок, особено во зима кога има многу снег, нема кој да дојде да го асфалтира патот, се спасуваме со воловите и со нив го поминуваме патот , со две даски потоа и така се приближиме до куќата“, вели Јово Виќановиќ, таткото на Миленко.
Мајката на Миленко, Даница, вели дека пет месеци не се спуштала на главниот пат, на асфалтот.
За својот живот вели дека изгледа како да е оставен во некое друго време: „Остана нашата куќа последната на крајот од селото. Нема никој освен ние тројца. Да останеш сам... дека е лесно, не е“.
Досега Виќановиќи успеваа да се носат и со осаменоста и со природата која често знае да биде сурова. Освен патот до селото, немаат друга желба, а потоа, тврдат, би купиле и автомобил.