Зошто мачките се тријат- чешаат од нашите нозе: Тоа не го прават за да ги галиме

Експертите велат дека мачките се многу потешки за толкување отколку кучињата, бидејќи тие покажуваат емоции многу посуптилно. Разликата не е само во карактерот, туку и во физиологијата. Всушност, мачките можат да произведат многу помалку изразување со нивните мускули на лицето отколку кучињата, па затоа емоциите најчесто се прикажани со движење и однесување.

Еден таков начин на однесување е нивното чешање од луѓето. Ова е кога вашата мачка мавта наоколу со нозете и се триете од вассоцелото тело. Започнува со главата, ушите, а потоа продолжува со р’бетот за конечно да ја завитка опашката околу ногата. Но, дали знаете што сака да ви каже мачката? Така ве означува со својот мирис.

Вие станувате нејзин човек и таа сака тоа целиот свет да го знае. Барем тој дел од светот што може да го мириса. Со лачење феромони и оставајќи мирис, мачката всушност изразува љубов и го информира животинскиот свет за вашата врска.

Меѓутоа, може да се случи мачката да се тие ов вашите нозе на малку поагресивен и поинаков начин отколку што тоа го прави кога ќе се обиде да ви каже дека сте нејзини. Ако тоа се случи, тогаш таа се обидува да ви каже дека нешто не е во ред со неа. Затоа, ако го чувствувате тоа, преиспитајте ги своите постапки за да видите дали сте направиле нешто лошо.