Зошто жените се „палат“ на „ОПАСНИ“ мажи?
Сигурно сте се запрашале зошто девојките избираат да бидат со момци кои живеат од другата страна на законот. Ако е така, не грижи се, затоа што науката го има одговорот.
Разбирањето на женскиот ум е веројатно најтешката работа што можете да ја направите, а научниците со децении се обидуваат да го сторат истото и да го протолкуваат тоа што се случува во главите на жените. Она што можеме да бидеме сигурни е дека женскиот ум е драстично различен од машкиот и тоа е често причината зошто влегуваме во судири со жените, затоа што едноставно не се разбираме едни со други.
Она што најмногу ги мачи мажите е зошто жените во повеќето случаи избираат мажи кои делуваат опасно и кои имаат репутација како опасен човек.
Науката сериозно се осврна на ова прашање и наиде на неколку одговори што логично објаснуваат зошто жените бараат вакви мажи.
Првата и главната причина зошто жените лудуваат на мажи како овие е САМОДОВЕРБАТА. Лошите момци се полни со самодоверба и се сигурни во нивната сила и моќ, а тоа ги освојува жените. Научниците велат дека ова е главната карактеристика што ги тера жените да трчаат по мажи и дека не мора да бидете опасен човек за да освоите девојка, само треба да бидете сигурни во себе.
Друга причина е нивниот авантуристички дух и храброст. Мажите како овие се секогаш подготвени за акција и подготвени да ги надминат границите, што ги возбудува девојките. Постои и трета причина, а тоа е промена на карактерот.
Жените сакаат да го променат карактерот на мажите, па затоа имаат желба да ги „омекнат“ опасните момци и радикално да ги менуваат, што е уште една причина зошто овие мажи се мета на многу жени.