Изградија подземна болница: Отпорна и на вируси и на гранати
Бидејќи водечката болница во градот Олово- БиХ, беше под постојан артилериски оган за време на агресијата во 90- те години, лекарите и граѓаните дојдоа до идеја која спаси многу животи: тие изградија болница под земја. Многумина никогаш не слушнале за неа, па затоа не знаат дека ова е неверојатна приказна за храброст, пожртвуваност и дружење.
Олово е градот кој за време на војната скоро секој ден беше под константен артилериски оган.
Имено, тој е единствениот град во БиХ кој беше гранатиран 50 дена по ред. Една од омилените цели на агресорите беше градската болница и здравствениот центар, кои беа пренатрупани со пациенти за време на воените денови.
"Тенковите што беа на околните ридови имаа можност директно да ја таргетираат болницата. Гаѓан беше прозорец по прозорец. Сфативме дека не можеме да продолжиме вака, моравме да најдеме друго решение", се сеќава д-р Изудин Куќановиќ, тогашен шеф на одделот за здравство на 1-та Оловска бригада и актуелен директор на Здравствениот центар Олово.
Брзо беше сфатено дека единствено решение за заштита на повредените и медицинскиот персонал е да се изгради објект под земја.
Проектот што ги собра сите
Така, во средината на 1993 година, единствената подземна болница во БиХ беше отворена на местото Паска Лука.
Како што каќува Др. Куќановиќ, сите биле вклучени во изградбата на болницата, од медицински професионалци, преку војници, па се до обични граѓани.
"Бидејќи станува збор за војна, моравме да импровизираме. Болницата првично се состоеше од две бараки над кои подоцна беше нанесен еден и пол метар дебел слој на земја и многу дабови дрвја и камења. Инженерите вклучени во градежниот проект проценија дека тоа ќе биде доволно за престој ако во болницата удри, да речеме, минофрлачка ракета “, рече Куќановиќ, кој беше еден од основачите на воената болница.
Подземната болница се покажа како генијално решение
Имено, поради честото бомбардирање на патиштата и онеспособување на комуникацијата, повредените и болните биле донесени во болницата и од други општини. Таа стана мал „болничи центар“ кој се покажа дека е место соодветно и за заразени од разни вируси, и за повредени, и за сите кои спасот го бараа во медицинските лица и изолирањето од гранатите.
Родното место на децата од Олово од 1993 до 1996 година.
Малку по малку, од неколку бараки со неколку одделенија, прерасна во голема подземна болница, вклучително и одделение за акушерство.
Интересен факт е дека сите деца од овој крај, родени во 1993-1996 година, се родени токму во оваа болница, а на 19 март, 1994 година се случи чудо.
"Една бремена жена лежеше со нас во одделението, сепак, таа имаше болки, па мораше да биде пренесена во Тузла. Но, поради постојаното гранатирање, таа мораше да се врати на половина пат. Не остана ништо друго освен да се породи со царски рез. Лицето на бебето и олеснувањето на мајката, а сјајот во незините очи, јас никогаш нема да го заборавам “, кажа Сенада Салибашиќ, која беше акушерка, со солзи во очите.
Како што ни објасни, медицинскиот персонал работел деноноќно за да се грижи за многу пациенти.
„Лекарите и сестрите од другите градови дојдоа да помогнат. Јас дури и не се сеќавам кој веќе поминал во објектот“, рече Салибашиќ во интервјуто за Кликс.ба
Сквернавење на вреден објект
Еден од најголемите симболи на херојството денес е во урнатини.
"Болницата е дел од нас, дел од сите граѓани на овој град. Самото спомнување на оваа зграда го буди споменот на многумина. Она што го преживеавме и како работеше ... Ова дружење беше неверојатно. сега, кога повторно сум тука и ги погледнав овие урнатини, едвај се воздржам од плачење “, рече Златан Копиќ, човек кој ја преживеал војната благодарение на оваа болница.
„Веројатно нема да дојдам повторно. Сакам да ја запомнам како таа што беше во војната, затоа што не можам да го гледам распаѓањето на нешто што толку многу значеше за сите нас“, рече Копиќ.
Извор: Klix
Фото: Klix