На Попова Шапка - 10 степени, Солун -33 степени, а Хелсинки - 55: Оваа зима со најмногу снег ќе остане запаметена

Откако Македонија ја зафати снежен бран, екипите за расчистување се постојано на терен. Некаде наврна многу снег, а во одредени делови на земјава снегот беше незначителен, некаде проследен и со дожд. 

Температурите во утринските часови скоро секаде паднаа под нулата.

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени целзиусови, -8 било во Маврови Анови и Крушево, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Охрид и Претор, -3 во Тетово, Дебар и Виница, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Штип, -1 во Велес, Кавадарци, Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 0 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 64 сантиметри Попова Шапка, 57 во Маврови Анови, 36 во Крушево 34 во Дебар, 32 во Штип, 31 во Демир Капија, 30 во Тетово, 27 во Берово, 20 во Прилеп, 17 во Охрид, 15 во Струмица и Претор, 11 во Крива Паланка, 10 во Скопје-Петровец, 6 во Куманово.

Времето во текот на ноќта и изутринава

Облачно со повремени врнежи од снег. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринава снег врне во Крива Паланка, Тетово, Штип, Берово, Куманово и Дебар.

Времето денеска

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.

Во Скопје претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.

Но, една зима остави неизбришлива трага. Тоа е легендарна зима во почетокот на 1929 година!

Пред 94 години, времето и зададе на поголем дел од Европа вонреден метеоролошки настан, кој подоцна беше наречен - зима на векот! Зимата кон крајот на 1928 година, во ноември и декември, не ги покажа своите „заби“. Напротив, имаше невообичаено топли денови, еден по друг.

Никој не се посомневал ...

На денот на Нова Година, на 1 јануари 1929 година, дувал топол јужен ветер од Јадранот и охрабрен од целосното отсуство на зимско време, многу земјоделци веќе ги започнале подготовките за работа на теренот среде прераната пролет. Но, никој не знаеше што ќе се случи...

Во првите денови од јануари 1929 година, силен циклон се преселил над Јадранот, и се развил моќен воздушен блок под висок притисок од Скандинавија. Циклонот со денови останувал над Јадранот, а антициклонот се ширел од Скандинавија во Русија, што го отворил протокот на многу ладен воздух над нашата област. Неколку дена обилен снег почнал да паѓа и во Македонија.

Но, од поранешните Југословенски републики, најмногу била погодена Хрватска. Драматични вести дошле од Лика, каде снегот паѓал со грмотевици, а лавини ја поклопиле железничката пруга Сплит - Загреб. Почнале да пристигнуваат вести за голем студ што ја погодил скоро целата медитеранска, централна и источна Европа. Бидејќи оваа остра зима дошла по катастрофалната летна суша во Далмација, гладот ​​им се заканил на жителите од Далмација, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

На Сицилија -26, во Солун -33 степени!

Чопорите гладни волци бегале и почнале да ги напаѓаат говедата во селата! Официјалните метеоролошки податоци од јануари 1929 година откриваат дека живата во термометарот во топлата Сицилија се спуштила на -26 ° C и во Солун на неверојатни -33 степени! Краткорочно затоплување следувало кон средината на јануари, но веќе на почетокот на последната декада на јануари, снегот повторно нападнал.

Тогаш бил измерена најниската температура на Балканот од -36 степени во Госпиќ.Снежните врнежи на Балканскиот полуостров достигнале и до четири метри. Целосен хаос во патниот сообраќај, отсечени градови и села, замрзнати езера и реки, голем број на лавини, премрзнати луѓе...

Екстремно студено време е забележано низ цела Европа, при што во Сараево се измерени -27 ° C, Варшава -35 ° C и Хелсинки -55 ° C! Следувало недостиг на гориво и прекин со работа и настава во многу училишта. Глад ги зафатило земјите...

Екстремната зима не завршувала и луѓето биле очајни, прашувајќи се дали доаѓа почетокот на ново ледена доба. Сепак, сонцето повторно ја извојувало битката и со пролетта оваа зима заминала во историјата за да се повтори во 1956 година со слични размери.