Нема да ви се верува колку години има овој човек: 20, 30, 40, 50, 60...

Кога луѓето ќе го видат овој дедо, никој не му верува колку години има

Енди Вилкинс, каде и да излезе со својата ќерка, луѓето мислат дека тој е нејзин дечко. Британецот, кој неодамна наполни 56 години, вели дека сите мислат дека тој има 30 години.

Енди е сензација во британскиот печат поради неговата форма и фотографии на социјалните мрежи. Според него, потребно е само упорност, посветеност и работа. 

Тој е сигурен дека секој може да личи на него, доколку се посвети на здрав живот. Како тајна за неговата младоликост тој го потенцира спиењето во затемнета просторија, вежбање три пати неделно и минимална количина јаглехидрати во исхраната. Покрај тоа, тој посочува дека менталната состојба е клучна.

Имајќи предвид дека изгледа неверојатно за неговата возраст, Енди признава дека редовно му приоѓаат двојно помлади жени, но тој, како татко на четири деца и дедо на седум внуци, на тоа гледа само како комплимент и ништо повеќе. Тој во моментов е во љубовна врска со жена која е пет години помлада од него и вели дека не го интересираат помладите. 

Пред 5 години стана професионален тренер, а пред тоа работел во компанијата „Јагуар Ленд Ровер“. Кога зачекорил во шестата деценија од својот живот, тој решил да ја промени својата кариера и да ги следи своите соништа, кои се исплатиле повеќе пати. 

Како се храни?

- Сфатив дека не ми требаат протеински шејкови или нешто вештачко во мојата исхрана за да изгледам добро. Важно е да се јаде здраво, да се контролираат количината и да се намали внесот на јаглени хидрати како што старееме“, објаснува Енди.

Тој додава дека метаболизмот се забавува со возраста, поради што постарите луѓе не треба да трошат толку калории како порано, што многумина грешат.

„Обично тренирам три пати неделно, не повеќе од еден час во теретана и повремено одам на тенис со пријател. „Сè повеќе од тоа е претерување и го зголемува ризикот од повреди“, смета Енди.

Пример за неговото мени:


Појадок: Едно парче леб со семиња, лосос, две варени јајца и половина авокадо. Па чинија со лен и семе од чиа измешано со овошје.

Ручек: Пилешко, две до три лажици ориз и брокула.

Ужина: неколку бадеми или јаболка.

Вечера: Чорба со пилешко и зеленчук.

Пијалоци: Околу 3 литри вода секој ден, кафе, чаша црвено вино.

Десерти: темно чоколадо.


Фото: Инстгарам/ andyw_fitness

Можеби ќе ве интересира:

Тренинг за умот и телото на Мајкл Б. Џордан