Никогаш не му ја прости оваа сурова ШЕГА на принцот Чарлс: Принцезата Дајана ја повреди таму кај што не треба

По раѓањето на принцот Хари, принцот Чарлс се пошегувал на специфичен начин, само тој не очекувал дека токму тоа ќе и го скрши срцето на принцезата Дајана и ќе ги повреди нејзините чувства.

Пред Чарлс и Дајана да се разведат, семејниот живот со нивните синови изгледаше прилично блажен. Но, сега знаеме дека не било така. Пукнатините се појавија многу пред разводот.

Настанот што ја започна расправијата меѓу нив се случи на роденденот на принцот Хари. Работите наводно биле поврзани со фактот дека Чарлс очајно сакал ќерка.

Имено, Чарлс очајно сакал девојче, но Дајана знаела дека ќе добие син. Изворите велат дека таа го чувала полот на своето второ дете во тајност, но тогаш кога се родил Хари, Чарлс реагирал на посебен начин.

Неговите зборови и го скршиле срцето.

„Чарлс отсекогаш сакал ќерка“, изјавила Дајана во едно интервју, и открила кои биле првите зборови на принцот откако го видел новороденото бебе: „Боже, тој е момче. Па, дури има и црвена коса“.

Принцот Чарлс очигледно сметал дека неговиот коментар ќе се сфати како шега, но  тоа многу ја повредило Дајана, па наводно овој настан само успеал да ги дистанцира уште повеќе.

Можеби ќе ве интересира:

Се шпекулира дека таа била лудо заљубена во Србин: Сите мажи во животот на принцезата Дајана

7 изјави на принцезата Дајана заради кои и денес е најомилена принцеза