Почист воздух нема: 2-3 пати над дозволеното- Дали ќе бидеме повторно лидери?
Со доаѓањето на зимата, концентрацијата на штетни материи во воздухот се зголемува. Граѓаните, а особено категориите со висок ризик, се соочуваат со тежок период. Апелите на експертите не стигнуваат до надлежните органи....
Мерните станици низ Скопје сега покажуваат зголемена загаденост на воздухот и до 2-3 пати над дозволеното.
А, Скопје лани беше најзагадениот град во светот. Веднаш од него, Сараево се најде на тој неславен список. На Интернет порталот AirVisual, овие два градови со денови беа меѓу десетте најзагадени во светот. Често се зборуваше дека нема простор за паника и дека станува збор за „вообичаено загадување за овој период од годината“. Ама сега проблем плус- коронавирус!!!
Додека во многу балкански градови воздухот е загаден главно во текот на зимата, во нашиот главен град е лош во текот на целата година. Па така и деновиве кога нивото на штетни честитки ги надминува основните вредности за неколку пати.
Пред точно две години Владата го објави Планот за чист воздух кој ветуваше дека до крајот на годинава скопјани требаше да дише за 50 проценти почист воздух, додека за другите градови во Македонија намалувањето требаше да изнесува од 30 до 50 отсто. И после две години се наметнува прашањето, каде заглави Планот за чист воздух?
Најтешко за хронични пациенти
За хроничните пациенти, есенско- зимската сезона во Скопје отсекогаш била сезона на задушување. Најлошото е што не можат слободно да се движат кога е смог, и мора да се оди на лекар, да работат ...
Лекарите потврдуваат дека загадувањето во градовите најмногу ги загрозува органите за дишење. Зголемената концентрација на штетни материи во воздухот може да доведе до сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања и рак. Пациентите со срце и бели дробови се почувствителни на загадување, а децата и старите лица се особено изложени на ризик. Болести предизвикани од бактерии и вируси, така што бројот на бронхитис и пневмонија се зголемува овој период.