Се скарал со сопругата и отишол на прошетка, - одел 400 километри!
Кој
не би го разбрал?
Италијанската полиција пресретна маж кој одеше 400 километри за да си ја расчисти главата по расправија со сопругата.
Мажот бил запрен од полицијата рано во понеделникот во близина на Фано, во централна Италија.
Тој бил уморен и настинат, изјавил полицаецот Антонио Сканци.
Тој на полицијата и рекол дека се скарал со својата сопруга на 22 ноември и го напуштил заедничкиот дом во северната провинција Комо. Прво со воз се упатил кон Милано, а потоа се прошетал. Негова цел бил Апулија на југот на земјата.
Фано, каде што беше запрен, се наоѓа на 379 километри од железничката станица во Милано. Според мапите на Гугл, ова е патување за кое би биле потребни 79 часа пешачење без запирање.
Полицијата го одвела мажот до хотелот и ја повикале неговата сопруга, која дошла да го „земе“.
Сканци ги негираше извештаите во медиумите според кои полицијата му напишала казна затоа што тој го прекршил националниот полициски час од 22 до 5 часот наутро.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
По 35 години брак и две деца, полудев: Оставив сè и најдов помлада жена! Колку само згрешив!