Забава // Занимливости
Тешко пореметување: Потрошил куп пари за да изгледа како вонземјанин (ФОТО)
Лекари, не правете му услуга!
Екстремен обожавател на модификации на телото, вели
дека е само на 16% од неговиот проект „Црниот вонземјанин“.
Французинот Ентони Лофредо мораше да отпатува за
Барселона за да претрпи модификации што се нелегални во Франција.
Иако модификацијата на телото станува сè попопуларна, Лофредо дефинитивно ја однесе во нови крајности. Освен што сега тој нема нос и неговиот јазик е поделен на два дела, Лофредо ја истетовира целата кожа, има пирсови на целото лице, вклучително и преку брадата, му се вградени импланти во главата и се чини дека му се отстранети ушите.
Во интервју за францускиот весник „Миди Либре“ во 2017 година, Лофредо зборуваше дека негов сон е да изгледа како вонземјанин. „Уште како мал бев многу страстен за мутациите и трансформациите на човечкото тело“, изјави тогаш тој, откривајќи како, работејќи како чувар, сфатил дека не го живее животот како што сакал.
Со години работи на својот проект, а за повеќето од неговите модификации е заслужен уметникот од Барселона, Оскар Маркез и љубител на модификации на телото. Тој неодамна на Инстаграм покажа како изгледал пред 6 години.
На почетокот на овој месец, Лофредо објави видео на кое се гледа дека повеќе нема нос. „Како во сон ... го живеам тој сон ...“, напиша тој, заблагодарувајќи му се на Маркез.
Со фотографија што ја објави вчера, Лофредо откри дека неговиот проект „Црн вонземјанин“ е завршен само 16 проценти.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Мистериозни места на планетата забранети за јавност: Посебно трезорот Свалбард„Најдовме остатоци од летало кое не е од Земјата“ (ВИДЕО)